Во Женева денеска треба да заврши првиот круг од разговорите меѓу сириската Влада и опозицијата. По една недела разговори, двете страни се’ уште не се договориле како да продолжат понатаму. Затоа се очекува денешното затварање на сесијата да биде од церемонијален карактер, без можност да се постигне некои напредок, пренесуваат светските медиуми.
Специјалниот претставник на Обединетите Нации, Лахдар Брахимај објави дека се надева на повеќе напредок при следната рунда на преговорите, што треба да започне на десетти февруари.
Главните прашања пред земјите се поврзани со прекин на насилството, споделувањето на власта и спроведувањето на хуманитарната помош до најзагрозените населени места.