
Градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски денес ќе присуствува на настан, што ќе го означи почетокот на капиталниот проект во општина Бутел – изградба на речно корито и трим патека на река Серава.
Овој проект граѓаните го очекуваат повеќе од 30 години и претставува една од најголемите инвестиции на општина Бутел.
Настанот ќе се одржи во населеното место Радишани, на спортско-рекреативниот центар “Македонија”, со почеток во 10:30 часот.
Можете да следите во живо на линкот во продолжение: