ВО ЖИВО| Мицкоски ќе се обрати на настан по повод 80 години од ослободувањето на Скопје

Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје, организира настан по повод 80 години од ослободувањето на Скопје што ќе се одржи на 12.11.2024 (вторник) со почеток во 19:00 часот во Македонскиот народен театар во Скопје.

Настанот ќе биде исполнет со краток стендап настап на актерот Стефан Николовски, кратки интервјуа на познати скопјани и музичка точка од неколку скопски музички хитови.

По завршување на културно музичките точки, на настанот свое обраќање ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски.

Изјавата можете да ја следите во живо на Фејсбук страницата на премиерот Мицкоски: