Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска, во 19 часот, организира јавна трибина со наслов „Меѓуврсничко насилство: превенција и сузбивање“. Трибината ќе се одржи во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во општина Кисела Вода.
Настанот ќе биде отворен и ќе опфати широк спектар на теми, а особено внимание ќе биде посветено на:
· Предизвиците и ризиците поврзани со приклучување на младите кон радикални, екстремистички и насилни групи кое се јавува како резултат на чувството на неправда и фрустрација од социјалната исклученост,
· Раната превенција на булингот, социо-економските причини за појава на агресија кај младите луѓе и постоечката законска регулатива и
· Влијанието на медиумите врз младите за поттикнување на девијантното однесување.
На трибината ќе учествуваат врвни експерти, едукатори, практичари од различни области, како и секој што се чувствува засегнат, за да споделат сознанија, да разговараат за потенцијални решенија и да поттикнат заеднички напори за создавање побезбедна средина за нашата младина.
На настанот ќе се обратат:
· Проф. Д-р Александар Нацев, декан на Факултетот за детективи и криминалистика при Европскиот универзитет во Скопје
· Проф. Д-р Иванка Василевска, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ -Скопје и пратеничка во Собранието на Република Македонија
· Проф. Д-р Денко Скаловски, редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“;
· Проф. Д-р Лазар Јовевски, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје и претседател на Комисијата за труд и социјална политика, еднакви можности и демографија;
· М-р Николина Ивановска Котевска, професор по психологија во средните училишта СУГС „Никола Карев“, „Георги Димитров“ и „Здравко Цветковски“, дипломиран психолог, магистер по безбедност, психотерапевт, кариерен и Гешталт советник.