![macedonia](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/09/macedonia.jpg?resize=696%2C400&ssl=1)
Со почеток во 13 часот во хотелот „Бест Вестерн“ денес ќе се одржи јавна трибина на тема “Раздавање, распродавање или крадење на македонската историја“/Пиши-бриши брусалка историја и Дали добрососедството подразбира и негирање на сопствената историја?/
Воведни излагања на темата ќе поднесат:
Д-р Тодор Чепреганов – “Илинденско или илинденско-преображенско востание?“
Д-р Наташа Котлар – “Македонско национално движење во XIX век: Особености и процеси“
Ефтим Клетников – “Историјата како култура и варварство: Европскиот идентитетски геноцид над Македонија“
Дардан Венетски – Раздавање, распродавање или крадење на историја?
Во дебатниот дел учество ќе земат повеќе историчари, социолози, политолози и аналитичари. Организатори на трибината се Македонски манифест и Институт СИА Виста, Скопје.