Водечкиот тим во германската фудбалско првенство Борусија од Дортмунд непријатно беше изненадена во петокот вечерта на гостувањето кај Аугсбург кој се труди да излезе од зоната на испаѓање со 1:2 (0:1), во првиот меч од 24-то коло.
Аугсбург поведе со 2:0 со головите токму на поранешниот играч на Борусија, Џи Донг-вон во 24 и 68 минута, а намали Пако Алкасер во 81 минута што не беше доволно „милионерите“ да останат непоразени.
Борусија остана на 54 бодови, три повеќе со меч повеќе од второпласираниот Баерн Минхен кој во сабота костува кај Борусија од Менхенгладбах која е трета со 43 бодови. Аугсбург, пак, е 15-ти со 21 бод, пет повеќе од следната позиција од која се играат квалификации за опстанок.
Покрај дербито на колото меѓу Борусија М и Баерн, во сабота се играат и натпреварите Шалке – Фортуна, Нирнберг – РБ Лајпциг, Ајнтрахт – Хофенхајм, Баер Леверкузен – Фрајбург и Херта – Мајнц. Во недела ќе се сретнат Штутгарт – Хановер и Волсбург – Вердер.