Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека 19 јануари 2021 година (вторник), Богојавление (Водици) е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Македонија.
Неработниот ден е прогласен согласно со Законот за празниците („Службен весник на РМ” бр.21/98 и 18/07).
Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот Богојавление (Водици) на граѓаните од православната вероисповед