
Дејмон Ајала секојдневно патролира по улиците на Лос Анџелес погоден од сушата и ги прегледува тротоарите, запира секогаш кога ќе забележи локва, пишува агенцијата AFP во својата репортажа од американската метропола.
Ајала е дека од тимот на градскиот Оддел за водоснабдување и енергетика кој секоја седмица разгледува стотици поплаки од заедницата кои ги поднесуваат соседи поради расипништво во трошењето на водата.
„Не е екстремно, но сакаме тоа да го погледнат. Се чини дека имаат наводнување со паење од оваа страна. Можно е само дека не работи конекторот“, рекол Ајала кај една локва.
Калифорнија и западот на САД е погодена од сериозна повеќегодишна суша. Имајќи предвид дека резервоарите и реките се на историски ниски нивоа, властите на Лос Анџелес воведоа ограничување на потрошувачката на водата. Го ограничија наводнувањето на тревниците на само осум минути, и тоа двапати седмично.
Ајала во нотес ги бележи адресите на објектите на коишто ќе се откријат докази за кршењето на прописите. Првпат добиваат предупредување, а казните за повторен прекршок се движат меѓу 200 и 600 долари. По петтиот прекршок се поставува уред кој физички го ограничува снабдувањето на едно домаќинство, иако Ајала вели дека тој чекор ретко е потребен.
„Многумина не знаат за правилникот, а нашата работа е да ги едуцираме. Ние всушност не ги сакаме нивните пари, тоа не ни носи повеќе вода. Се обидуваме да ги промениме однесувањето“, појаснува Ајала.
„Во минатото имавме сериозна сушна ситуација во градот Лос Анџелес и неговите граѓани реагираат. Очекуваме дека и овојпат ќе го сторат истото“, додава.
Градските власти забележале помала побарувачка на вода во станбените објекти во јуни, во однос на истиот месец минатата 2021 година. Но со влошувањето на сушата, можеби ќе бидат потреби трајни промени во градскиот пејзаж.
Освен по своите дрвореди со палми, Лос Анџелес е традиционално познат и о своите бујни зелени тревници кои се одржуваат со автоматски прскалки. Жителите сѐ повеќе ги заменуваат своите „жедни“ тревници со растенија од овој пустински региони на коишто им се потребни само неколку капки вода во седмицата за да преживеат.