САД испратија два воени брода во Тајванскиот Теснец, пренесуваат тајванските власти, а Министерството за надворешни работи на Кина побара од Вашингтон да се придржува до принципот „Една Кина“ на кој инсистира Пекинг.
Портпаролката на кинеското МНР, Хуа Џунјинг, ова го соопшти на редовен брифинг за медиумите и додаде дека „Кина внимателно го следи пловењето на американските воени бродови низ Теснецот“.
Тајванските власти претходно објавија дека Кина вчера претпладне испратила неколку бомбардери и авион низ каналот Баши, кој го одвојува Тајван од Филипините, како и дека слична кинеска операција била спроведена во вторникот.