Театарот „Војдан Чернодрински“, при ЦК „Марко Цепенков” со претставата „Буре барут” од Дејан Дуковски, во режија на Наташа Поплавска гостува во Скопје на 2 јули во среда, со почеток во 20.30 часот.
Претставата ќе се прикаже во рамките на манифестацијата „Скопско лето” што ја организира Дирекцијата за култура и уметност – Скопје.
„Скопската публика ќе има можност да ја проследи оваа најнова претстава на нашиот театар во која игра поголемиот дел од ансамблот, и да ужива затоа што е претстава со голема актерска енергија, која отвора нови театарски хоризонти, која дава одговори на многу прашања. Зошто сето тоа се случува, кога сите копнееме по внимание и љубов,“ велат од „Војдан Чернодрински“.