Војник на АРМ со службениот пиштол расчистувал долгови.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи вчера 31-годишниот Ш.И. од Ресен го репертирал службеното оружје при расправа за долгови.
Инцидентот се случил на шести овој месец околу 23 часот кога во канцелариите на фирмата Фреш Епл, поради нерасчистено должничко-доверителски односи, војникот извадил пиштол, го вперил кон Ж.К. и го репетирал. За среќа неговиот брат му ја тргнал раката.