
Во последниот натпревар од 24-то коло на германската Бундеслига, Волфсбург во неделата дома ремизираше со Вердер 1:1.
Волсфбург поведе во 54 минута преку Брукс, а дваесет минути подоцна израмни Крузе. „Волците“ сега со 39 бодови е на седмото место, последното кое води во европските натпреварувања, колку што има и пестиот Баер Леверкузен, а четири бодови повеќе од осмата Херта. Вердер, пак, е 10-ти со 33 бодови.
Претходно Штутгарт со 5:1 го декласираше својот директен конкурент во борбата за опстанок Хановер. По два гола за домашните постигнаа Озан Кабак во 16 и 45, и Стивен Цубер, во 78 и 81 минута, а еден гол, и тоа водечкиот го постигна Марио Гомез во 4 минута, додека утешниот погодок за гостите го постигна Жонатас во 68 минута.
Шутгарт сѐ уште е во опасната зона, 16-ти е со 19 бодови, што му овозможува квалификации за опстанок, и има пет бодови предност пред 17-от Хановер, а два бода помалку од 15-от Аугсбург.