Зеленски утре ќе им се обрати на пратениците во британскиот парламент

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, утре ќе им се обрати на пратениците во Долниот дом на британскиот парламент од Украина, изјави претседателката на парламентот Линдзи Хојл.

– Сите парламентарци сакаат директно да го слушнат претседателот, кој ќе се обрати во живо од Украина, така што ова е важна можност за парламентот – наведе Хојл во изјавата, пренесе Би-би-си.

Официјалните парламентарни работи ќе бидат суспендирани додека пратениците го испрашуваат претседателот Зеленски.

Зеленски ќе зборува на својот мајчин украински јазик, а пратениците преку слушалки ќе слушаат симултани преводи на англиски јазик. Во текот на ноќта во салата ќе бидат поставени екрани за да можат пратениците да го следат говорот. По обраќањето, украинскиот претседател нема да одговара на прашања.