На Волстрит берзанските индекси во четвртокот повторно пораснаа, четврти ден со ред и достигнаа нови рекордни нивоа, што најмногу се должи на растот на цените на акциите на производителите на чипови.
Инексот Dow Jones зајакна 0,68 отсто, на 39.781 поен, додека S&P 500 порасна за 0,32 отсто, на 5.241 поен, а Nasdaq индексот 0,20 отсто, на 16.401 поен.
Растот на индексот главно се должи на растот на цените на акциите на производителите на чипови, во просек за 2,3 отсто. Истовремено, најмногу скокна цената на акцијата на „Micron Technology“, за повеќе од 14 отсто, откако оваа компанија објави подобри од очекуваните квартални деловни резултати и проценки за понатамошното работење.
Покрај растот на цените на акциите на технолошките гиганти, пазарот го поддржува и најавата на американската централна банка за намалување на каматите. Во средата, како што се очекуваше, челниците на Fed ги оставија каматните стапки непроменети на нивниот редовен состанок.
Истовремено, објавени се проценките на челниците на централната банка дека годинава би можеле да ги намалат каматните стапки трипати, како што очекуваа досега, и покрај зголемувањето на инфлацијата во САД во јануари и февруари. Ова ги охрабри инвеститорите кои стравуваа дека Fed ќе го одложи намалувањето на каматните стапки поради зголемената инфлација.
На пазарот позитивно влијаеше и зголемувањето на прогнозата на лидерот на Fed за економски раст оваа година од претходните 1,4 на 2,1 отсто.
Цените на акциите вчера пораснаа и на европските берзи. Лондонскиот FTSE индекс скокна за 1,88 отсто, на 7.882 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,91 отсто, на 18.179 поени, а париски CAC 0,22 отсто, на 8.179 поени.