Волстрит порасна по несигурното тргување, на европските берзи пад

На њујоршки Волстрит во средат берзанските индекси пораснаа но по многу колебливото тргување, бидејќи вложувачите не се сигурни за колку уште американската централна банка Federal Reserve (Fed) ќе ја зголеми цената на парите и колку долго каматите ќе останат на зголемените нивоа.

А на европските берзи цените на акциите вчера паднаа. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 1,47 отсто на 7.277 поеднеи додека франкфуртскиот индекс DAX падна за 1,22 проценти на 13.028 поени, а парискиот CAC индекс ослабе за 0,37 отсто на 6.222 индексни поени.

Во Њујорк, пак, индексот Dow Jones зајакна за 0,10 отсто на 31.135 поени, S&P 500 порасна за 0,34 проценти на 3.946 поени, а Nasdaq индексот ја зголеми вредноста за 0,74 отсто на 11.719 индексни поени.

По остриот пат ден претходно, Волстрит вчера малку се примири, но се тргуваше нестабилно бидејќи вложувачите се несигурни во врска со зголемувањето на каматните стапки во САД.

Според ден претходно објавениот извештај, инфлацијата во САД во август изнесувала 8,3 отсто, повеќе отколку што се очекуваше, па спласнаа надежите на вложувачите дека Fed ќе го забави темпото на зголемувањето на каматите. Напротив, се појавија шпекулации дека централната американска банка на седницата во септември би можела да ги зголеми клучните каматни стапки за цел процентен поен.

„Вложувачите денеска си ги лижат раните, по остриот пад на пазарите ден претходно. Расправите за инфлацијата продолжуваат, а податоците потсетија дека битката со инфлацијата е тешка и дека Fed мора да биде агресивен за да ја ги сузбие инфлаторните притисоци“, вели за Reuters Рајан Дерик, стратег во компанијата „Carson Group“.

Вложувачите стравуваат дека подолгиот период на заострување на монетарната политика, ќе ја доведе американската економија во подлабока рецесија.

Технички, американската економија веќе нурна во рецесија, имајќи предвид дека по последните две тримесечја падна на квартални нивоа, но засега таа рецесија е плитка.