Вонредна состојба во Казахстан поради протестите

Казахстанскиот претседател Касим Жомарт Токаев прогласи двонедела вонредна состојба во најголемиот град во земјата Алмати и во западната покраина Мангистау каде во тек се насилни протести против владата, објави кабинетот на претседателот рано утрото  во средата по локално време.

„Повикувањето на напади врз зградите на владата и војската е апсолутно илегална активност. Владата нема да падне. Не сакаме судир, туку заемна доверба и дијалог“, изјави Токаев и обвини „надворешни фактори“ за поттикнување на безредијата во видео обраќањето пред прогласувањето на вонредната состојба.

Додека Токаев им се обраќаше на сонародниците, во Аламти со солзавец и шок-бомби полицијата ги пречекала стотиците демонстранти кои се обиделе да упадната во канцеларијата на градоначалникот, известија медиумите.

Владата на Казахастан, земја којашто е богата со нафта, објави доцна вечерта во вторникот дека ќе ги ограничи цените на течниот нафтен гас, откако во неделата жителите на градовите Жаноазен и Актау во Мангистауската област масовно излегоа на протести барајќи да се намали цената на гасот, а во вторникот се протестираше и во најголемиот град во земјата Алмати.

Повеќето Казахстанци имаат автомобили на течен нафтен гас кој е значително поевтин од бензините, поради ограничувањата на цените, Владата тврди дека ниската цена е неодржлива и ги отстрани ограничувањата од 1-ви јануари. Така цената се зголеми на 120 тенги, односно 0,27 центи од американскиот долар, а демонстрантите бараат таа да се намали на 50 до 60 тенги, или 0,11 до 0,13 доларски центи.

Поради ненајавените и нелегални протести, претседателот Токаев ја задолжи владата итно да ја разгледа состојбата во Мангаустката област и да ја земе предвид економската и правната изводливост. Во вторникот членовите на владината комисија разговараа со иницијативната група активости во регионот Мангистау за цениата на течниот нафтен гас и за начините за разрежување на актуелната ситуација. Претседателот Токаев во средата ќе се сретне со владиниот кабинет во врска со социе-економската состојба во земјата, објавија од неговиот кабинет.