Нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавуваат од УХМР за во петок и сабота попладне.
Во почетокот на наредната седмица се очекува многу топло време.
Времето денеска е сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, попладне во северните делови повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени.
Во Скопје е сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен, а попладне повремено и засилен северен ветер.