![dozd-grmezi500 Пороен дожд и грмежи во западна Македонија и скопско](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/09/dozd-grmezi500.jpg?resize=500%2C278&ssl=1)
Времето во Македонија денеска ќе биде слично на вчерашниот ден, променливо и нестабилно, е прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.
Во текот на денот ќе биде променливо облачно и нестабилно, а попладне со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град.
Утринската температура ќе биде од 6 до 14 степени, а максималната ќе се движи од 16 до 27 степени Целзиусови.
Од петок промена. Не чека стабилизација.