Вонредно исклучување на струјата, на неколку локации во центар нема да работат семафорите

ЈП Улици и патишта по најавите на ЕВН дека дел од семафорите во централното градско подрачје нема да работат во текот на денешниот ден од 8 часот наутро до 15:30, ги повикува надлежните за регулирање на сообраќајот, односно МВР за да не дозволат да се направи голем метеж низ градот во овој период од денот, информираат од ЈП Улици и патишта.

Како што веќе информираа од ЕВН, утре ќе има вонредно исклучување на семафорите во центарот на Скопје, поточно кај „Веро џамбо“, Кеј 13 Ноември, Правен Факултет и улицата Мирче Ацев, делот кај паркингот „Холидеј ИНН“ и околината.

Причината е што овој дел од градот во тој период ќе остане без електрична енергија.