Вонземските патогени може да „стопираат“ до Земјата, предупредуваат научниците

Трката во промоцијата на комерцијалните вселенски летови веќе зема замав и повеќе од 85 компании и организации ја бараат својата иднина во меѓупланетарниот туризам, но некои научници се загрижени и сметаат дека се станува зборува за безглево брзање, пишува порталот Science Alert.

Пред масовните патувања во Вселената да станат рутински, луѓето мора да спроведат темелни бебезбедносни мерки. Во спротивно, планетата и човештвото би можеле да станат домаќини на непосакувани гости, предупредуваат научниците.

Алармираат, на што одредени научници одамна укажуваат, дека доколку астронаутите може да донесат на Земјата некој вонземски организам на некое од вселенските летала, а тој би можел да ја разори биолошката рамнотежа на планетата.

Но, други научници уверуваат дека шансите тоа да се случи се малку веројатни, особено затоа што сѐ уште не е пронајден живот надвор од Земјата. Меѓутоа, имајќи ги предвид можените катастрофични последици, некои стручњаци сметаат дека човештвото мора да се подготви и за такво сценарио.

Поверојатната опција е дека човечките туристи ќе понесат со себе земски организми во Вселентата, што исто така претставува голем ризик. Студиите, имено, покажале дека некои микроби можат да доживеат рапидни генетски мутации во услови слични на оние какви што владеат во космосот.

Така, откако одгледале илјадници генерации на „ешерихија коли“ во услови на микрогравитација, научниците откриле дека штетната бактерија станала уште поагресивна и поотпорна на антибиотиците. Кога таков отпорен сој би се вратил на Земјата, би можел опасно да му се закани на човештвото.

„Помалите ризици кои потенцијално може да предизвикаат екстремни последици се во средиштето во биобезбедноста. Кога таму работите тргнат на лошо, навистина одат лошо“, предупредува вирологот Фил Кејси од Универзитетот во Аделаида, стручњак за инвазивни видови.

Меѓународниот комитет за вселенски истражувања (COSPAR) состави научен панел за планетарна заштита, но ниеден од актуелните членови не е експерт за инвазивните видови. Оттаму, австралиските биолози сметаат дека тоа е голем превид. Велат дека е итно неопходно да се воспостават пософистицирани протоколи, чијашто цел е да се спречат биолошки контаминации на Земјата од вонземската околина и обратно.

„Сметаме дека подобрата соработка на астробиолозите и биолозите специјализирани за инвазивните видови, значителни би ги унапредило постојните меѓународни протоколи за планетарната биобезбедност и за Земјата и за вонземските тела кои би можеле да содржат живот“, објавија австралиските научници во написот во списанието BioScience.

Според нив, се чини дека постојните протоколи не функционираат најдобро. Како пример го наведуваат случајот кога израелското вселенско летало се урна на Месечината во 2019 година, таму на површината отфрлило и животинки со микроскопска големина Tardigrada, кои можеби сѐ ушет се живи.

Уште повеќе загрижува откривањето на бактериските соеви со извонредна отпорност во ткн „чисти соби“ на американската вселенска агенција NASA, во кои вработените ги составуваат вселенските бродови. Кога овие микроби случајно би биле превезени во Вселената, можно е во микрогравитациски услови тие да станат уште повирулентни.

Меѓутоа, дел од науниците сметаат дека речиси е невозможно земските микроби да бидат задржани на Земјата. Каде и да заминат луѓето, неизбежно е тукашните организми да ги носат со себе. Предупредуваат дека Вселената е само „идната граница на биобезбедносниот ризик“.