Неколку лица се мртви, а повеќе повредени отакако вооружен маж отвори оган во ресторан во Париз, пренесува Би Би Си.
Исто така, медиумите јавуваат дека имало експлозија во бар во близина на Стад де Франс каде Франција беше домаќин на Германија во пријателски натпревар во фудбал.
Според дел од известувањата поради нападите бил евакуиран и претседетлот Франсоа Оланд кој во моментот на нападите го следел натпреварот.
Полицијата сеуште не пристигната на местото на настанот, а според Би Би Си, нападот сеуште е во тек.