Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице на возраст од 36 години, за кривично дело разбојништво.
Обвинетиот на 17 јули се приближил до сендвичарница на кејот на Вардар во центарот на Скопје, извадил пиштол, го репетирал и со него им се заканил на двете вработени, барајќи да му ги дадат парите од дневниот промет.
„Едната оштетена избегала, успеала да влезе во сендвичарницата и да се заклучи од внатре. Обвинетиот ја фатил за рака другата оштетена која останала надвор, и го вперил пиштолот во главата, ја турнал и и се заканувал дека ќе ја убие доколку не му даде пари. Потоа почнал да ја претресува по џебовите, од каде нашол и одзел само 10 денари. Се обидел да влезе во сендвичарницата, но не успеал да ја отвори вратата, па испукал еден проектил од пиштолот во земја и се дал во бегство во правец кон Бит Пазар, но во близина на трговскиот центар „Мавровка“ тој бил уапсен“ извести ОЈО