Комуникацијата е изгубена со две референдумски комисии во градот Красниј Лиман и во областа Доњецк за време на траење на гласањето, бидејќи проруските сили се судрија со украинските безбедносни сили во „една казнена операција“, потврди за Итар тас копретседателот на владата на самопрогласената Народна Република Доњецк, Денис Пушилин.
Во меѓувреме сериозни безбедносни проблеми се регистрирани и во областа Лугнаск каде исто така се одржува реферндум.
„ Овде има многу проблеми,“ изјави претсавник на луганскиот прес центар, Василиј Никитин и додаде дека во еден реон вооружени луѓе односно „некаква гарда ги заплашува луѓето и ја преместува воената опрема од едно место во друго.“
Истовреме, Итар-тас наведува дека исклучително е висока излезноста во областа Доњецк каде што луѓето стојат во долги редови на избирачките места за да гласаат .
„Според последните информации, излезноста е исклучително висока. Луѓето стојат во долги редови да гласаат на избирачките места. Луѓето сакаат да гласаат,“ изјави Пушилин и додаде дека конкретните податоци ќе бидат објавени подоцна.
Излезноста на реферндумот во Луганск е повеќе од 30 отсто до 11 часот по московско време, потврди претседателот на новоформирната Централна изборна комисија на Народна Република Доњецк, Роман Љагин за Итар-тас.