Првпат во трката за номинацијата на Демократската партија за изборите за Белата куќа следната година, либералната сенаторка Елизабет Ворен, според анкетите, го мина поранешниот потпретседател на САД, Џозеф Бајден, во Ајова, сојузната држава којашто има важност бидејќи прва ќе гласа на демократските предизбори.
Ворен со 22 отсто гласови води пред Бајден кој има 20 отасто, а кој, пак, е далеку пред независнииот сентарот Берни Сандерс со 11 отсто, покажува анектата којашто заедно ја спровеле весникот Des Moines Register, агенцијата Mediacom и телевизијата CNN.
Никој од другите десетина кандидати не добил двоцифрена поддршка во оваа главно земјоделска држава на Средниот запад, покажува анкетата која е објавена ноќта кон неделата по средноевропско време и која го потврдува забележувањето на медиумите дека поддршката за Елизабет Ворен ресте последните седмици.
Џо Бајден, поранешниот демократски потпреседател во мандатите на Барак Обама, во анкетите на сојузно ново, сепак, и натаму е фаворит кој би можел да му биде противкандидат на актуелниот републикански претседател Доналд Трамп во ноември 2020 година.
Засега се смета дека нема дилеми оти Републиканската партија ќе го номинира њујоршкиот милијардер за уште еден четиригодишен мандат.
И Бајден и Ворен се во 70-те години од животот, но првиот кој има 76 години отвора повеќе прашања за својата возраст и за здравствената состојба, отколу втората која има 70 години и која водини динамична кампања.