Воспитувачка во велешка детска градинка терала деца да пушат електронски цигари?!

Огромен СКАНДАЛ се случил во детската градинка „Димче Мирчев“ во Велес. Како што е пријавено, воспитувачка ги терала децата да пушат електронски цигари, објавува Курир.мк.

Во текстот се вели дека воспитувачката со иницијали В.И. во текот на изминатите неколку недели им давала на децата да пушат електронски цигари со различни вкусови. Откако дознале родителите за овој чин веднаш реагирале.

Курир пишува дека за воспитувачката била покрената дисциплинска постапка.

„Изминатиов период има неколку скандали поврзани со работењето на градинката „Димче Мирчев“ во Велес.

„Пред неколку месеци директорката е обвинета за спорни јавни набавки како и за лоша организација на градинката. Претходно Министерството за труд и социјална политика ги одзема ингеренциите на градинката од општината Велес и градоначалникот Марко Колев. Според изворите кои ја контактираа нашата редакција, родителите ќе ја тужат воспитувачката и градинката. Воспитувачката е примена на работа пред неколку години кога градоначалник беше кадар на СДСМ, а во исто време од градинката беа отпуштени десетина воспитувачки“, пишува Курир.

Понатака во текстот се вели дека скандалот со електронските цигари бил откриен откако дечињата од градинката неколку дена се жалеле на своите родители дека ги боли грло.