Николоски: Чест ми е што сум избран за известител од Советот на Европа за БиХ особено што доаѓам од опозициска партија

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во радио Лидер зборуваше дека тој е избран од Советот на Европа за известител за БиХ и потенцираше дека за него тоа е огромна чест и дека тоа е резултат на негов личен напор.

-Навистина е една посебна чест да прв пат на било кое ниво, било кој политичар од Македонија, кај мене дополнителен квалитет е што сум и политичар од опозиција, тоа е неколку пати потешко да стигнете до било која позиција отколку доколку владата стои позади вас, значи за мене не лобира ни амбасада, ни дипломатија и така натака, туку е личен напор. Значи за прв пат се случува да  политичар од Македонија да е известител за било кое ниво, за било која држава во Европа. Јас ја имам таа чест, таа привилегија да Советот на Европа ме овласти да бидам известител за БиХ, тоа не е мала работа. Имајќи предвид дека БиХ е една од најжешките точки во Европа, таму војната за среќа заврши во 90-тите години, но конфликтот никогаш не престана, и тоа е еден активен конфликт, меѓународната заедница има многу значајна улога во одржувањето на државата каква-таква, рече Николоски.

Потпретседателот Николоски во текот на своето гостување потсети дека во БиХ има висок претставник кој што го именуваат Обединетите нации, тоа е Христијан Шмит.

-Да не заборавиме дека во БиХ има висок претставник кој што го именуваат Обединетите нации, кој што е еден вид гувернер на  државата. Тоа е во моментот господинот Христијан Шмит кој што меѓу другото е и трет човек на Европската Народна Партија, кој најблиско кажано е одговорен за финансиите на ЕНП. Тој беше министер во неколку претходни влади, вели тој.

Николоски порача дека негова цел е што побрзо да се изработи извештајот за состојбата во БиХ.

-Така да една ваква чест да бидам известувач за Советот на Европа е огромна. Мојата цел е да што побрзо да изработиме извештај за состојбите во државата, имајќи предвид дека последниот извештај  советот на Европа го има продуцирано 2018 година, потоа беше корона кризата, потоа се сменија неколку известители. Инаку принципот е секогаш двајца известители, народски кажано со „врзан потпис“ за да  не може еден известител да е пристрасен, така што за секоја држава која што е под мониторинг има по два известители, така што јас сум еден од тие двајца известители и се надевам со колегата што побрзо да изработиме извештај. Нашата цел е ако е возможно веќе на пролетната априлска сесија  да извештајот биде усвоен, додаде Николоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.