Фудбалерите на Вотфрод по повеќе од 31 година успеаја да го совладаат Тотенхем во првенствен натрпевар, откако во неделата славеа пред своите навивачи со 2:1 и така го задржаа стопроцентниот ефект по четирите кола од англиското првенство.
Сите три погодока беа постигнати во второто полувреме и сите ги постигнаа играчите на Вотфорд. Дукуре со несреќната интервенција во 53 минута ја испрати топката во сопствената мрежа, и му овозможи на Тотенхем да дојде во водство. Меѓутоа, домашните брзо се соземаа од шокот и ја преземаа иницијативата па во 69 минута израмнија преку Динеј, а во 76 минута Кеткарт ги постави конечните 2:1 за четвртата последоватална победа на Вотфорд и прв пораз на Тотенхем во новата сезона.
Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Барнли дојде до втората победа во новото првенство, а двоен стрелец беше Ромелу Лукаку, во 27 и 44 минута. Во 69 минута Маркус Рашфорд избори пенал кој Пол Погба не го реализираше, бидејќи неговиот удар го одбарни искусниот Џо Харт. Екипата на Жозе Мурињо, кој се чини барем за извесен период ги стивна критиките на негова сметка во клубот, не го заврши мечот во потполн состав, бидејќи во 71 минута Рашфорд по расправијата со Бардсли доби црвен картон поради обидот да го удри противничкиот играч со глава.
Во првиот дуел од неделната програма Арсенал се намачи да оствари минимална победа од 3:2 на гостувањето кај борбениот новак Кардиф. Мустафи во 12, Обамејанг во 62 и Лаказет во 81 минута беа стрелци за „Топчиите“, а двапати за домашни израмнуваа Камараса во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме и Ворд во 70 минута.
Во саботата беа постигнати следните резултати: Челзи – Борнмут 2:0, Лестер – Ливерпул 1:2, Брајтон – Фулам 2:2, Кристал Палас – Саутемптон 0:2, Евертон – Хадерсфилд 1:1, Вест Хем – Вулверхемптон 0:1 и Манчестер С. – Њукасл 2:1.
Ливерпул, Челзи и Вотфорд се на врвот од табелата со 12 бодови, а четврт е актуелниот шампион Манчестер Сити со 10 бодови, додека Тиотенхем е петти со пет бодови. Њукасл и Барнли имаат само по еден бод, а Вест Хем Јунајтед е последен без бодови.