
Поради тешка сообраќајна незгода на патниот правец Штип – Велес, во прекин е сообраќајот во делот од Овчеполска раскрсница до Сарамзалино.
Во моментот се врши увид од сообраќајната полиција и се очекува нормализирање на сообраќајот за еден до два часа.
Според првичните неофицијални информации, додека автобус во кој се превезувале студенти минувал преку железничка пруга воз удрил во него. Но за среќа нема тешко повредени, ниту настрадани лица. Четири лица, кои биле патници на автобусот ниле лесно повредени во несреќата.
фото: kurir.mk