Засега неидентификуван возач побегнал од местото на настанот откако во понеделнкот квечерината усмртил пешака на магистралниот пат Велес – Градско.
Триесет и тригодишниот Д.В. го загуби животот откако вчера околу 18 часот во него удрил автомобил.
Од полицијата информираат дека несреќата се случила на регионалниот пат Велес-Градско, а во пешакот удрил непознато лице со непознат автомобил, кое по несреќата избегало.
Д.В. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Општа болница Велес, каде починал. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, информираат од МВР.