Возачот кој го превезувал Палчо до Турција: Mе искористи

Осомничениот струмичанец С.Д. кој е во притвор бидејќи го возел Љупчо Палевски, со бел џип „ленд ровер“ од Белград, преку Бугарија до Турција, изјавил дека не знаел кој бил со него во автомобилот, а за вмешаноста на Палевски дознал дури вечерта на 3 декември, кога Обвинителството објави дека Палевски бил организатор и извршител на убиствата, пренесува Скопје 1.

С.Д. во полиција рекол дека Палевски го искористувал.

С.Д. е фатен на враќање при влез во Македонија од преминот Дојран. Одреден му е притвор од 48 часа.