Воздухот повторно ноќва енормно загаден во неколку скопски општини

Вечерва има енормно загадување на воздухот во неколку скопски општини. Според мерните станици во Ректорат се измерени 296 ПМ 10 честички на метар кубен што е повеќе кратно од доволеното, во општина Центар 270 ПМ 10 честички на метар кубен, во општина Карпош 235, додека во општина Бутел 220 ПМ 10честички на метар кубен.

Локалните и централните власти се уште немаат преземено надлежност за решавање на овој проблем кој претставува рак-рана за граѓаните, кои наместо чист воздух кој што им го ветуваше Петре Шилегов и Зоран Заев во предизборниот период на локалните избори тие и понатаму дишат отров наместо чист воздух.