Во два македонски градови воздухот е многу високо загаден, покажуваат податоците од мерните станици на Министерството за животна средина.
Станува збор за Куманово и Кавадарци. Кичево и Гевгелија имаат високо загаден воздух, а Скопје на листата на air visual вечерва е 18-ти најзагаден град во светот. Струмичани и дебрани дишат најчист воздух вечерва.
Позагадени од Скопје се Сараево, Софија и Белград кои се високо на листата.
Во време на пандемија, состојбата ќе биде и полоша поради загадениот воздух.
Секоја зима граѓаните во Македонија дишат екстремно загаден воздух.