Изгледа како да не можеме да го избегнеме загадувањето со пластика. Буквално секој ден ја држиме во раце – тастатура, компјутер, шишиња, амбалажи… Но каде оди целата пластика кога повеќе не ни е потребна?
Иако можеби мал дел се рециклира, поголемиот дел завршува во депонии. А уште поголем дел завршува како пластичен отпад кој евентуално си го наоѓа патот до водата за пиење.
Ситните пластични честички кои се користат во многу производи за хигиена и нега, како пилинг за лице и паста за заби, се најдени во многу водни површини. Во океаните можат да се пронајдат огромни површини од отпад од пластика.
Целото загадување со пластиката не е само проблем за Земјата, туку и за нашето здравје.
- Само во Лос Анџелес, секој ден се исфрлаат 10 тони пластика во Тихиот Океан.
- Изминатите 10 години произведовме повеќе пластика отколку целиот изминат век.
- 50% од пластиката која што ја користиме, ја употребуваме само еднаш и ја фрламе.
- Секоја година фрламе доволно пластика за да се заобиколи Земјата 4 пати.
- Моментално рециклираме само 5% од пластиката што ја употребуваме.
- Просечен Американец фрла приближно 84 килограми пластика годишно.
- Пластиката опфаќа околу 10% од целокупниот отпад што го произведуваме.
- Производството на пластика користи околу 8% од светското производство на нафта.
- Американците фрлаат 35 милијарди пластични шишиња за вода секоја година.
- Пластиката во океаните се крши на толку мали делчиња што делчиња од едно пластично шише можат да се најдат на секоја плажа на светот.
- Низ целиот свет се користат околу 500 милијарди пластични кеси. Повеќе од милион кеси се користат секоја минута.
- 46% од пластиката плови и може да лута со години пред да се концентрира во некој вртлог.
- На пластиката ѝ се потребни 500 до 1.000 години да се разгради.
- Во океаните има милијарди килограми пластика кои зафаќаат околу 40% од нивната површина. 80% од загадувањето потекнува од земјата.
- „Пластичната супа“ во Тихиот Океан е најголема депонија во океаните. Оваа маса од пластика е побројна од морскиот живот, и тоа во однос 6 спрема 1.
- Годишно умираат 1 милион морски птици и 100.000 морски цицачи поради пластиката во океаните.
- 44% од сите видови морски птици, 22% од китовите и сите видови желки се документирани со пластика во или околу нивните тела.
- Во примероци од езерото Ери, 85% од пластичните честички биле микроскопски. Истражувачите пронашле 1.500 и 1,7 милиони од овие честички на површина од 2,7 километри квадратни.
- Секое парче пластика кое било произведено сè уште постои во некоја форма освен мал дел кој бил изгорен.
- Пластичните хемикалии можат да бидат апсорбирани од телото. 93% од Американците на возраст од 6 или повеќе години биле позитивни на пластични хемикалии.
21. Некои од состојките во пластиката ги менуваат хормоните или имаат други потенцијални влијанија на човечкото здравје.