ВОЗНЕМИРУВАЧКИ КАДРИ| Над 30 загинати во ракетирање во Краматорск, Киев и Доњецк меѓусебно се обвинуваат

Повеќе од 30 луѓе загинале а околу 100 други се ранети во ракетирање на железничката станица во источниот украински град Краматорск, во регионот Доњец, додека цивилите се собирале за евакуација, а за нападот меѓусебно се обвинуваат властите во Киев и властите во самопрогласената проруска република Доњецк.

Според украинските власти две руски ракети ја погодиле железничката станица во Краматорск која се користи да се извлечат цивилите од областа во Доњецк која сѐ уште е под контрола на украинските сили, пред очекуван напад на проруските и единциите на руската војска.

„Две ракети ја погодија железничката станица во Краматорск“, објавија Украинските железници без понатамошни појаснувања а подоцна беше додаден дека „Според оперативните податоци повеќе од 30 лица загинаа а повеќе од 100 се ранети во ракетен напад врз железничката станива Краматорск“.

Три воза со евакуирани лица биле блокирани во четвртокот во истиот регион, поради нападот на пругата, се наведува во објавата.

Агенцијата Reuters пренесе дека не можела да ги провери информациите од независни извори.

Според податоците на областната управа, на 1-ви јануари 2017 година Краматорск имал над 190.000 жители, а според пописот од 2001 година градот имал над 150.000 жители како и според податоците за 2021 година, од кои 70 отсто биле Украинци а 27 отсто биле Руси, но рускиот јазик како мајчин го навеле 74,9 отсто, а украинскиот 24,1 отсто.

„Повеќе од 30 луѓе загинаа, а над 100 се повредени во ракетниот напад врз железничката станица Краматорск. Ова е намерен напад врз инфраструктура на железницата и жителите на Краматорск“, напиша директорот Александар Камишин на социјалните мрежи.

Украинското Министерство за одбрана, потврдувајќи ги бројките на загинатите и повредените, соопшти дека ракетните напади биле изведени додека се одвивала евакуацијата на локалните жители.

„Русите извршија два ракетни удари на железничката станица во Краматорск, каде што се одвиваше евакуација на цивили. Но, руските воени злосторници не само што намерно гаѓаа илјадници луѓе; тие користеа касетна муниција“, напиша украинското министерство на Twitter.

Истовремено истите податоци за жртвите и настраданите ги објави и претставникот на проруската Народна милиција на Доњецк, Едуард Басурин, кој прецизира дека ракетирањето било изведено со проектил „Точка-У“, со кој мининатиот беа убиени цивило во центарот на Доњецк, и дека го истрелале украинските војски.

„Провокација се случи во Краматорск. Украинските власти не криеја дека подготвуваат уште една провокација. Прво најавија евакуација од градовите Краматорск, Констоантиновка и Славјанск. Луѓето започнаа да се собираат на местата од каде што можеа да заминат. Долета проектил, има околу 30 загинати“, изјави Басурин кусо по нападот за првиот телевизиски канал.

Штабот на територијалната одбрана на ДНР на својот Telegram канал објави дека Краматорск бил гаѓан со ракета „Точка-У“.

„Во реоното на железничката станица во Краматориск, каде што се одвиваше евакуација на локалното население, беше извршен ракетен напад. Фрагменти од ракетата ‘Точка-У’ паднаа во непосредна близина на станицата“, објавија во Дољецк.

Истакнуваат дека станува збор за застарен тип ракетен систем кој не е во воружувањето на руските единици, како ниту на проруските сило од Доњецк и Луганск, туку активно ги користат украинските формации.