Фотографии на кои се гледа теророт на американските маринци над ирачките бунтовници, како палење на мртви тела и позирање со скелети, ја вознемирија светската јавност и покренаа истрага во Маринскиот корпус.
Според американските медиуми, добиени се 41 фотографија, но повеќе од низ се пребрутални и крвави за да бидат објавени во јавност. Изворот кој ги доставил овие фотографии до „ТМЗ“ кои сведочат за бруталност на маринците останува анонимен, се знае само дека се направени во Фалуџа во 2004 година.
На две од фотографиите јасно се гледа како маринец полева мртво тело на бунтовник со бензин и го остава да гори. Други пак покажуваат како маринците, со насмевка позираат со изгорените скелети.
Според информациите на медиумите, на други фотографии, кои не се објавени се гледа како кучиња ги јадат мртвите тела покриени со крв.
„ТМЗ“ кој ги има фотографиите, минатата недела ги доставил до Пентагон.
Од таму реагираат дека актите кои се фотографирани не се акти кои тие ги очекуваат од нивните војници во мировните мисии и тие не ја претставуваат чесната и професионална служба која ја покажаа 2.5 милиони американци маринци во Ирак и Авганистан. Велат дека Мировниот корпус работи на расчистување на целиот инцидент, откривање на условите во кои се направени овие фотографии и ако е можно, да ги идентификување на војниците.
Но, ова не е прв пат да се појават шокатни фотографии кои сведочат за страшното однесување на американските војници со бунтовниците. Во јануари 2012 година беа откриени фотографии на кои се гледа како војници уринираат врз мртвите тела на иранските милитанти.