ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Украинска новинарка претепана и фрлена во канал

Украинската опозициска активистка и новинарка Татјана Черновил, која се занимава со истражување на корупцијата меѓу високите државни функционери, денеска била претепана и оставена во канал, соопшти полицијата.

tatjana-500

Нападот е извршен неколку часа откако Черновил објави напис со имотот на највисоките владини претставници.

cer

Во соопштението на полицијата се вели дека непознати насилници рано изутринава во близина на Киев го застанеле автомобилот на 34-годишната новинарка. го скршиле задното стакло и ја извлекле од автомобилот, а потоа ја претепале и оставиле во канал крај патот.