ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Другарките ја држат додека едно момче ја силува

Две тинејџерки од Холивуд се обвинети дека претепале своја врсничка, а потоа ја држеле додека едно момче ја силувало. Нападот, што се случил во ноември лани, е снимен со мобилен телефон, а полицијата сега за првпат ја објавува снимката.

Патриша Монтес (15) и Ерика Ејвери (16) ја удриле, шутирале и и’ прскале солзавец во лицето на 16-годишната девојка, а потоа ја држеле додека Џејсон Вулфорк (19) ја силувал.

Снимката направена со мобилен телефон ја направил Ланел Синглтон (18) и на неа се прикажува полуголата жртва во двор од куќа во Холивуд.

Додека Патриша и Ерика ја тепаа, машките гледаат, а еден од нив вели:

„Оваа девојка баш и не ми се допаѓа“

На тоа една од двете тинејџерки вели:

„Рековме дека ќе е**** некого!“

На судското сослушување одржано во петокот емитувана е снимката од мачењето на истата жртва внатре во куќата. По нападот, таа отишла дома и се онесвестила, по што е префрлена во болница.

Имала неколку скршени коски на лицето, а поради модринки и оток привремено го загубила видот. На судењето сите обвинети се изјасниле како невини.