Во масакр кој се случил во Мексико се убиени девет членови од американско мормонско семејство, меѓу кои повеќето дева, соопштија роднините на жртвите.
Вооружен напаѓал ги убил членовите на семејството Ле Барон која припаѓа на заедницата на мормоните кои ги населиле планините и рамнините на северот од Мексико пред повеќе децении.
Роднините на ова семејство за „Ројтерс“ рекле дека се убиени девет луѓе, додека мексиканската влада за сега официјално потврдила дека настрадале пет лица.
Twelve confirmed deaths after a gang ambush members of the Lebarón family in northern Mexico. The family belong to a Mormon community based in Sonora https://t.co/M1rbJX4hwA via @El_Universal_Mx
— Stephen Woodman (@Stephentwoodman) November 5, 2019
Се уште не е јасен мотивот за убиството кое се случило вчера на локалниот пат во мексиканската држава Сонора, на границата со САД.