Во миговите на општ хаос на турските улици, кога едни наспроти други се најдоа силите на полицијата и војската се случи еден интересен момент.
Гневните граѓани, оние што претсдеталот Реџеп Тајип Ердоган ги повика на улиците за да ја одбранат демократијата, фрли димна бомба или солзавец во тенк и го туркаше внатре војникот што очајно се обидуваше да излезе.
По ова од густиот чад се појави војникот и се држеше за глава и молеше за помош.
Откако не доби никаква помош од бесните граѓани, се појави полицаец со гас маска кој дури по третиот обид успеа да го извлече дезориентираниот војник и веројатно да му го спаси животот.