Светските медиуми објавија вознемирувачка снимка од надзорна камера на која се гледа локацијата и моментот на смртоносната експлозија во Истанбул.
Турскиот регулатор за медиуми RTUK воведе забрана за емитување снимки од експлозијата еден час откако таа се случи.
Иако веднаш по експлозијата почнаа да се шират гласини дека бомбаш-самоубиец е одговорен за експлозијата, според последните неофицијални информации експлодирала чанта оставена на авенијата Истиклал.
Улицата во моментот на експлозијата била полна со туристи и локални жители. Најмалку шест лица загинаа во нападот, а 53 се ранети.
Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган изјави дека првите информации укажуваат на терористички напад.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е ВОЗНЕМИРУВАЧКО.