Вперил пиштол во ученици во Ченто и пукал во воздух

Непознато лице вчера пред ОУ „25-ти Мај“ во населбата Ченто вперило пиштол во деветгодишно дете и други 20-тина ученици, по што испукал еднаш во воздух побегнал од местото на настанот.

МВР денеска соопшти дека нема повредени во инцидентот и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.