На Клиниката за стоматологија вработен во текот на денот се пожалил на симптоми кои укажуваат дека тој е заразен со бактеријата МРСА. Оттука за денеска е најавено дека на сите вработени денеска ќе им се направат испитувања за се види дали и колку од нив ја имаат оваа бактерија, обави Курир.
-Доколку навистина ја има оваа бактерија кај некој од вработените или има само симптоми Клиниката треба прво веднаш да се затвори и да започне постапка истата да биде уништена. Во исто време треба да се направат испитувања кај сите вработени, коментираат упатени.
Сепак дел од стручната јавност посочува дека во ваква ситуација лицето кое ги има симптомите треба веднаш да биде ставено во изолација.
Истите извори велат дека станува збор за бактерија која многу лесно се пренесува при ракување, допир, преку површина со која бил во контакт носител на бактеријата.
-Токму поради ова е потребно затворање на Клиниката, бидејќи протокот на пациенти е голем. Таму има различни оддели како за деца, возрасни, протетика, велат упатени.
МРСА е бактерија којашто е исклучително отпорна на антибиотици, а се пренесува со директен контакт со заболено лице или заразен материјал. Предизвикува опасни крвни инфекции, воспаление на белите дробови или инфекции на местото на хируршкиот зафат.
Симптомите се појава на булбуси на кожата коишто се црвени, отечени, болни и топли на допир, како и висока температура, грозница, слабост, болки во мускулите и така натаму. Во случај на агресивен облик на болеста, доаѓа и до сепса, инфекции на срцевите залистоци или коските и воспаленија на белите дробови.
Министерството за здравство наскоро ќе излезе со официјално соопштение.