Британец вработен во британската амбасада во Берлин е обвинет дека пренесувал информаци кои ѝ биле од полза на Рисија, објави во средата лондонската полиција.
Дејвид Балантајн Смит, 57-годишен, кој живеел во германски Постдам а бил вработен во обезбедивањето на амасадата на Обединетото Кралство во Берлин, Германија го екстрадирала во Лондон во средата, откако уште во август 2021 година го уапсила германската полиција.
Обвинет е дека собирал информации од амбасадата со намера да ги проследи на странска држава, сеоопшти британското главно обвинителство CPS.
Ник Прајс, шеф на одделот против тероризнмот во CPS, изјави дека Смит е обвинет за девет кривични дела.
„Обвинет е за седум кривични дела за собирање информации со намера да ги испрати на руските власти, еднно за обид за комуникација и едно за давање информации на лице за коешто верувал дека е припадните на руските власти“, рече Прајс.
Смит би требало да се појави пред судот во лондонски Вестминстер во четврток, се додава во соопштението на полицијата.