![полиција](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/polici-a-1.jpg?resize=594%2C399&ssl=1)
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Е.М.(29) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Тој, во текот на 2023 година, како вработен во АД „Македонски пошти“ – подружница во Општина Центар Жупа, со искористување на својата службена положба и со пречекорување на своето службено овластување, од сметката на акционерското друштво извршил неовластено присвојување на парични средства.
Со тоа, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 3.095.358 денари.