Вработена во кабинетот на Премиерот, дел од сообраќајка со двајца мртви

Вработена во Кабинетот премиерот Оливер Спасовски, вчера учествувала во тешка сообраќајката на патот Куманово – Крива Паланка, при што животот го загубија две лица. Неофицијално, станува збор за Ирма Мандева дознава Нетпрес.

Според полицискиот билтен, во 9.40 часот, на местото викано „Чешмиче“, пред селото Страцин, се судриле  „фиат пунто“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(55) од селотот Железница и „фиат пунто“, со кратовски регистарски ознаки, управувано од И.М.(26) од Битола.

Во незгодата од здобиените повреди починал Б.Ѓ., додека сопатникот од истото возило Ф.Ѓ.(23) од селото Железница и И.М. биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што Ф.Ѓ. починал.

Ирма Мандева

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

Мандева е член на Управен одбор во Агенцијата за катастар на недвижности.