Вработените од „Еурокомпозит“ го подбија предлогот на Владата, остануваат во штрајк

Не прифаќаме уцени, сакаме трајно решение за да се стави крај на оваа работничка голгота, порачаа во средата вработените од прилепскиот комбинат „Еурокомпозит“, по средбата со владините претставници откако во вторникот прд зградата на Владата поставија шатори во кои ќе штрајкуваат до исполнувањето на нивните барања.

Владиниот план и предлог да се земе позајмица од ЕЛЕМ и МЕПСО за исплата на плати за вработените, тие револтирано ја одбиваат, бидејќи според нив со тоа само се одложува проблемот. Најавија дека ќе кампуваат пред Владата сѐ додека надлежните не излезат со конечно решение за спас на прилепскиот загубар.

„Лагите се големи од страна на Владата, затоа сме повторно овде. Пред два месеца бевме на ова место со шатори и бевме повикани од премиерот (Зоран Заев) да најдеме решение. Тој ни вети дека проблемот ќе се реши за три месеца, но од тогаш нема мрднато со прст“, рече за новинарсктие екипи пред Владата, Горан Велески.

Вработените велат, со години со повремени запирања на производствениот процес и повремени повторно негово отпочнување се работи во прилепски „Еурокомпозит“. Придонесите за нив не се платени повеќе од шест години, а со протести успеја да добијат само ниту половични плати, кои во просек изнесуваат едвај по пет илјади денери во месецот. Во меѓувреме, релчиси сите бараат спас во земјоделството.

Посочуваат дека со овие проблеми се соочуваат од 2008 година, како и дека кои и раководство да дојде, компанијата само пропаѓа. Велат дека работата само за владите, за директорите, а оти за нивни никогаш нема ништо. Немаат здравствено осигурување, не им се платени ниту другите придонеси.

За проблемите кои се таложат со години, според вработените вината лежи во менаџментот, кој низ годините велат секогаш работел за лични интереси. Милионските долгови сега се планира да се решаваат со приватизација на фабриката.

„Во моментов не би можел да зборувам за специфични рокови, меѓутоа во најкраток можен рок свесни сме за севкупната состојба во која се наоѓа компанијата и посебно вработените во неа“, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски

Од Владата и во средата повторија дека има заинтересирани инвеститори, но ниту открија кои се тие, ниту дадоа прецизен рок, кога и како ќе се решава проблемот.