Вработените во Македонска пошта без плата, најавуваат протест пред Владата

Македонска пошта пред колапс, дознава поратлот Курир, а вреботените сѐ уште не примиле плата, и најавуваат дека во понеделник ќе протестираат пред Владата.

Имено на вработените низ целата земја им доцни платата, а според информациите нема да ја земат до крајот на оваа работна седмица. Поради ова генералната директорка на Македонска пошта, Бујаре Абази во петок ќе има средба во Владата со цел да се обезбедат средства за плати.

„Поради оваа настаната ситуација Синдикалните организации донесоа заеднички заклучок во понеделник 20.03.2023 година во 16.00 часот да организираат протест на сите вработени од Подружниците пред Влада со цел сите заедно да ја искажат нивната загриженост од состојбата во која е доведена Пошта“, се наведува во објавата а вработените велат дека сериозно е загрозена нивната иднина, егзистенција, достоинство и работни места.