![sokol bebe](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/05/sokol-bebe.jpg?resize=696%2C674&ssl=1)
ЈП „Паркови и зеленило“ на официјалниот фејсбук профил напишаа дека нивните вработени во Карпош 4 спасиле од смрт бебе сокол.
„При извршување на редовните активности нашите вработени од пунктот во Карпош 4 спасија од сигурна смрт бебе сокол од видот ветрушки. Малата птица беше падната на земја и опколена со чавки кои ја колваа и сигурно ќе настрадаше доколку работниците не ја спасија и ја однесоа во Зоолошката градина од каде ќе биде предадена на одгледувач – љубител на птици на опоравување и згрижување.“ пишува на нивната објава.
Погледнете: