Вработените во „Водовод“ реагираат: Според закон не смее да има оружје во објектите за кои зборува Димовски

Оружјето е повлечено повлечено според законот за приватно обезбедување, законот за работни односи и по насоки од Министерството за внатрешни работ, регираа вработените од јавното претпријатие откако претходно во четвртокот претседателот на СУТКОЗ, Дарко Димовски, во јавноста излезе со изјава дека директорот на ЈП „Водовод“, Александар Атанасов, наводно ги оставил клучните објекти без оружје.

„Во врска со денешната изјава на Дарко Димовски, претседател на СУТКОС, односно гранков синдикат за комунални претпријатија, кој претходно беше раководител на службата за обезбедување при ЈП ’Водовод’, дека е загрозена безбедноста на водоснабдувањето на Град Скопје и безбедноста на здравјето на граѓаните, како вработени на тие објекти за коишто кажува дека е наводно повлечено вооружувањето, сакаме да кажаме дека тоа е направено во согласност со Законот за приватно обезбедување од 2012 година, Законот за работни односи и по насоки на Министерството за внатрешни работи“, изјавија вработените.

Според нив, во пумпените станици имало оружје, кое токму Димовски како раководител никогаш не знаел да објасни  зошто е таму.

„Тука нема ништо незаконско, ние сме оператори на пумпени станици, не како стражари, како што нé нарекува во изјавата. Имаше вооружување на пумпените станици, коешто тој како раководител никогаш не знаеше да објасни со каква одлука било таму. Тоа оружје никој не го должеше, а беше сопственост на службата за обезбедување, којашто тој ја раководеше. Ние, како оператори на пумпени станици, сме одделение за екплатација на капацитети, не вршиме никакво обезбедување“, велат вработените од ЈП „Водововд.

Појаснуваат дека тоа оружје не смее таму ниту да стои според Законот, а техничко и патролно обезбедување веќе е обезбедено.