Управата на унгарскиот ракометен клуб „Веспрем“ му дала отказ на тренерот Љубомир Врањеш, јавуваат унгарските медиуми, иако не е потврдено од официјалниот сајт на клубот.
Заедно со Врањеш, отказ добил и клупскиот менаџер.
Отказите следат по поразот од „Вардар“ во саботата 27:25 во третото коло на ЛШ, по кој навивачите се обиделе да влезат на прес-конференцијата, а потоа и во соблекувалната за да физички се пресметаат со Врањеш.
Швеѓанецот со босанско потекло беше доведен минатата сезона на кормилото на унгарскиот тим, но не се прослави. Тимот рано испадна во Лигата на Шампионите, а ја загуби и титулата во Унгарија од екипата на „Пик Сегед“. Сепак, управата му даде шанса на Врањеш да продолжи па дополнително беа ангажирани нови засилувања. На „Веспрем“ тешко му оди и годинава, па по трите кола во ЛШ имаат два порази и една победа.